Агенција за промоција и поддршка на туризмот
Стефаноска: Бизнисмени од Италија сакаат да инвестираат во Македонија
Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска објави дека бизнисмени од Комо, Италија се заинтересирани да инвестираат во областа на туризмот.
| инфодеск | Македонија
![](/wp-content/themes/yootheme/cache/f5/agencija-za-promocija-i-poddrska-na-turizmot-f5c908c2.jpeg?x67484)
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска објави дека бизнисмени од Комо, Италија се заинтересирани да инвестираат во областа на туризмот. Директорката на денешната средба со претставниците од Италија истакна дека Македонија е безбедна земја за вложување со одлични услови.
-Заинтересираните компании, како што беше потенцирано на денешната средба се во конкретна фаза на истражување за реализација на инвестициите. Директорката Стефаноска подвлече дека освен за инвестиции во туризмот на оваа средба било разговарано и за поголема соработка на повеќе полиња, се додава во нивната објава.
![](https://tvm.mk/wp-content/uploads/angwp/items/98535/ttg-hero-baner.jpg?x67484)