Skip to main content

Стопанската комора на трговците за прехрамбени производи бараат продолжување на рокот за објавување на цените

Стопанската комора на трговци на големо и мало за прехрамбени производи со барање да се пролонгира рокот за креирање веб-страници на која продавниците ќе ги објавуваат цените на производите.
 |  инфодеск  | 

Стопанската комора на трговци на големо и мало за прехрамбени производи со барање да се пролонгира рокот за креирање веб-страници на која продавниците ќе ги објавуваат цените на производите.

– Ценејќи ја важноста на дигиталното присуство како неопходен елемент за современо и конкурентно делување на пазарот, напоменуваме дека значителен дел од малите трговци сѐ уште се во процес на адаптација, од технички, финансиски и кадровски аспект. Притоа, сакаме да истакнеме дека станува збор за реална потреба од дополнително време со цел квалитетна и одржлива имплементација поради комплексноста и обемноста на материјата, истакнуваат во нивното соопштение.

Од таму сметаат дека продолжувањето на рокот ќе претставува поддршка кон сите засегнати субјекти, но највеќе на оние на кои им е најпотребно односно малите стопанственици и ќе придонесе кон инклузивен пристап во спроведувањето на политиките за дигитализација, со што ќе се овозможи посеопфатна и правично распоредена транзиција.

Стопанската комора на трговците очекуваат разбирање и соработка од надлежните институции, со единствена цел – градење стабилна и конкурентна економија, во која секој економски субјект има фер можности за развој и напредок.