Skip to main content

Штрајкот на контролорите на летање два часа ќе го блокира авиосообраќајот

Авиосообраќајот над македонското небо денеска ќе биде во прекин од 10 до 12 часот поради штрајкот на контролорите на летање.

kontrolori
контролори
Авиосообраќајот над македонското небо денеска ќе биде во прекин од 10 до 12 часот поради штрајкот на контролорите на летање.  

Во тој период на скопскиот и на охридскиот аеродром нема да слетуваат, ниту да полетуваат воздухоплови, а ќе биде овозможен само прелет на авионите над македонска територија.
Контролорите на летање преку штрајкот бараат укинување на решението на Управата за јавни приходи со кое има намера да наплати 10 милиони евра од сметката на Агенцијата за цивилно воздухопловство што ги собрала последниве шест години како поврат на данок на додадена вредност. Синдикатите бараат и што поскоро завршување на трансформацијата на АЦВ, со што Контролата на летање ќе функционира како независен воздухопловен провајдер.

„Доколу УЈП ја блокира сметката на АЦВ, покрај тоа што ќе нема пари за исплата на плати, во прашање ќе бидат доведени и инвестициите во надградба и одржување на радарите и инструментите што гарантираат безбедност во авиосообраќајот“, изјави Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контролорите на летање.

aerodromРаководството на синдикатот вчера имаше две средби со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, но не беше постигнат договор за одложување на штрајкот. Тие бараа писмена гаранција за стопирање на решението, која би ја парафирала и Владата.

Според најавите од Синдикатот на контролорите на летање, штрајк ќе има и наредниот четврток, но со зголемено времетраење, од 9 до 19 часот. Денешниот штрајк првично беше најавен дека ќе се одржи од 10 до 16 часот, но одлуката беше променетапо барање на тур-операторите за да ги реализираат чартер летовите во пресрет на велигденските празници.

{loadposition content9}