Свети апостол и евангелист Лука
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 октомври, ден на Св. апостол и евангелист Лука, празник посветен на Светиот апостол и евангелист Лука Лекар и зограф, автор на првите рачно изработени икони. Како добар живописец светиот апостол и евангелист Лука ја насликал Богородица со Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле, и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.
Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во 70-ученици на Исус. Бил верен следбеник на Христовото учење и го проповедал во повеќе земји низ светот. Особено по смртта на светите апостоли Петар и Павле тој христијанското учење го проповедал во Галија (денешна Франција), Италија, Далмација, Македонија, Грција и др. места.
Околу 60-тата година го напишал евангелието но напишал и други дела како што се Дела апостолски.
Доживеал длабока старост но не се откажал од проповедите на Христовото учење. Според едни извори на 84 годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на царот Константин било пренесено во Цариград и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј.
Бил лекар и зограф. Како добар живописец ја насликал Богородица со малиот Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.
Некои истражувачи Евангелието по Лука го датираат меѓу 57 и 60 година, додека други го сместуваат по 70-тата година. Своето евангелие светиот апостол и евангелист Лука го започнува како писмо до еден висок достоинственик по име Теофил: Бидејќи мнозина почнаа да пишуваат за настаните, што се случија меѓу нас, како што ни ги предадоа оние, кои уште во почетокот беа очевидци и служители на словото, намислив и јас, откако испитав сè од почетокот да ти опишам точно по ред честити Теофиле, за да ја разбереш основата на учењето на кое си се учел“. Лука1/1-4 Оттука може да се заклучи дека ова евангелие е одбрана на христијанската вера пред римскиот свет“
Денеска именден празнува Лука.