Skip to main content

Денеска е Св. свештеномаченик Евсевиј Самосатски

Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети свештеномаченик Евсевиј, епископ Самосатски.
 |  инфодеск  | 

Свети Евсевиј живееше во четвртиот век, време кога црквата е присилена да се бори со неколкуте тринитарни ереси.

Свети Евсевиј во тоа време беше епископ во градот Самосат, во Антиохиската област.

Во текот на долги години додека на царскиот престол се менуваа цареви аријанци, Евсевиј истрајуваше во правото исповедање на верата. Од таа причина беше испратен и во прогонство.

По враќањето од прогонство, за време на император Грацијан, беше ранет од една жена аријанка. Од оваа рана големиот Свет ревнител за Православието умре за да живее вечно во рајското блаженство. Пострада во 379 година.

Тропар

Крин процвета во земјата сириска, мирис се разлеа во Црквата Христова, пастир мудар беше испратен при децата, да се возвеличува Еден Бог во Пресвета Троица. Евсевие свети, со благодат Христова, тебе Духот Свет те наоружа против ересите и лажните учења, моли се, отче, да немаме мноштво патеки, туку еден Пат да следиме кон вечноста.