Skip to main content

Животински свет

Светски ден на птичјата миграција

Секоја година голем број на птици прелетуваат илјадници километри за време на птичјата миграција, најневеројатниот настан во природата.
птичјата миграција

Секоја година голем број на птици прелетуваат илјадници километри за време на еден од најневеројатните настани во природата – сезонската птичја миграција. На овој долг и макотрпен пат птиците се среќаваат со различни опасности и неизвесности во зависност од регионот кој го надлетуваат. Но една опасност ги следи низ целото патување – загадувањето со вештачка светлина.

птичјата миграција

Како што човечките населби и транспортни канали се шират и растат така расте и вештачката светлина која го осветлува ноќното небо и директно влијае врз ориентацијата и дневните циклуси на птиците. Затоа на светскиот ден на птичјата миграција под мотото: Намалени светилки за потемен свет, за птици во вечерен лет – се испраќа порака за помош на овие моќни летачи на небото на кои со малку човечки напор и иновативност, значително ќе им се олесни животот. Секој чекор е важен.

птичја миграција

14ти мај, се одбележува како Светскиот ден на птичјата миграција – ден на кој треба да се потсетиме за овој неверојатен потфат што илјадници птици го повторуваат секоја година и секоја сезона, притоа соочувајќи се бројни опасности по пат. Македонија е важна точна и станица за многу птици за време на миграцијата и затоа е важно да се грижиме за нив, но и екосистемите кои им се потребни.