Светот ја испраќа старата и ја пречекува Новата 2009 година
Стотици милиони луѓе во светот вечер на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови… или во семејна атмосфера во домовите, ќе ја испратат 2008 и ќе ја пречекаат Новата 2009 година.
2009

По примерот на светските метрополи, веќе традиционално, најлудата ноќ ќе биде пречекана и на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како и во другите градови во земјава. Новогодишната забава на плоштадот „Македонија“ ќе биде отворена со детската програма од 11 до 13 часот. Дечињата ќе ги забавува Дедо Мраз, ќе пеат членовите на Супер Ѕвезда, ќе има и театарска претстава, како и интерактивна забава.
Вечерната забава ќе почне со настапот на македонската рок-група Ареа, по што ќе следуваат главните ѕвезди, шведската атракција „Арајвл АББА“, група која ја има лиценцата ексклузивно да ги изведува хитовите на легендарната група АББА. Првите моменти од Новата година, традиционално, ќе бидат одбележани со богат огномет.
Градските власти и полицијата апелираа до граѓаните годинава да се воздржат од употреба на петарди на новогодишната ноќ. За време на пречекот, во центарот на Скопје ќе има зголемено присуство на полиција.
Новата 2009 година први ќе ја пречекаат жителите на тихоокеанските острови и земјите на далечниот Исток, а последни неколку часови по нив жителите на западниот брег на САД и Аљаска.
Но, не сите вечер ќе го прослават почетокот на 2009 година. Многубројна популација луѓе времето и Новата година ги бележат според свои календари кои имаат корени во нивната етничка и религиозна историја. Таков е случајот со Евреите, Кинезите, Индусите и Муслиманите, како и со повеќе други помали етнички и религиозни заедници. Така во 2009 година, Евреите ќе ја прослават нивната 5770 нова година, Кинезите 4707, Индусите 2066, а Муслиманите 1431 нова година.

{loadposition content9}