Skip to main content

„Светлина 10“-силен земјотрес во измислена земја Атлантика

Во рамките на меѓународната вежба „Светлина 10“, денеска на армискиот полигон (АП) „Криволак“ во секторот „Мушанци“ ќе се изведе вежбовна целина со сценарио за реакција во услови на земјотрес.

 |  Маја Савиќ  | 
Vezba
Вежба
vezbaСпоред сценариото, учесниците ќе работат во услови на кризна состојба предизвикана како последица на силен земјотрес во измислената земја Атлантика. Првите проценки од страна на меѓународните хуманитарни организации кои се наоѓаат во Атлантика укажуваат на најмалку 2.000 загинати, 5.000 ранети и 150 исчезнати лица, како и за огромни разурнувања и штети во областа погодена со земјотресот. Заради тешката и сложена состојба, училиштата не работат, болниците работат во крајно тешки услови и со минимален капацитет и се преполни со болни, повредени и изнемоштени лица, а информациите од теренот говорат дека над 25.000 лица останале без својот дом.

Дополнителен проблем претставува оштетувањето на браната, која е основен извор на вода за пиење во регионот, а од која се излеваат огромни количини вода, заради што постои опасност од поплави.

Населението е во паника поради постојаните потреси. Тешката состојба во која се наоѓа Атлантика, како и скромните капацитети за справување со елементарни непогоди од вакви размери, ја натераа оваа земја да се обрати до САД и меѓународната заедница за хуманитарна помош и ангажирање на соодветни институции за справување со природни катастрофи, при што е побарана и ограничена употреба на армијата, со цел да се обезбеди стабилност во земјата и понатамошно успешно менаџирање со кризата.

На меѓународната вежба „Светлина 10“ главен координатор е Секторот за цивилна одбрана во Министерството за одбрана (МО), а покрај студентите од Институтот за одбранбени и мировни студии при Универзитетот „Кирил и Методиј“ од Скопје ќе учествуваат и студенти од неколку државни колеџи и универзитети од САД (Воениот колеџ од Њујорк, Цитадела од Јужна Каролина, Државниот колеџ Индијан Ривер од Форт Пирс-Флорида и универзитетите од Оклахома, Мисури и Род Ајленд). Во вежбовните активности ќе бидат вклучени и припадници на АРМ, на Дирекцијата за заштита и спасување (одделение за претраги од Штип), на единицата за службени кучиња во одделението за Посебни единици при Бирото за јавна безбедност на МВР, локалното население од селата Пепелиште, Криволак и Црвени Брегови, припадници од Воено медицинскиот центар на АРМ, како и припадници на Противпожарната единица од општина Неготино.

{loadposition content9}