Светски ден на борба против сушата и опустинување
Генералното собрание на Обединетите нации во 1994 година го прогласи 17-ти јуни за Светски ден на борба против дезертификација односно опустинувањето и сушата.
Голем број региони низ светот страдаат од суши, се претвораат во пустини, а екосистемите исчезнуваат. Водните и влажни екосистеми се особено чуствителни кон оваа појава засилена од климатските промени.
Мотото на овогодинешниот Светски ден на борба против сушите и опустинувањето е „Да се издигнеме од сушата заедно“.
Нашите водни капацитети не се имуни на глобалните влјанија, а таквата состојба е најевидентна со Преспанското езеро.
„Езерото продолжува да се повлекува. Се потврдија предвидувањата на експертите дека нема брзи решенија за подобрување на состојбата“, сметаат од едукативна еколошка онлајн платформа ДОМА.