Skip to main content

Светски ден на СОС телефони за помош и поддршка на децата

Првата детска амбасада во светот Меѓаши, како дел од меѓународната мрежа „CHI – Child Helpline International“- која ги обединува СОС сервисите за помош на деца од земји од целиот свет, веќе четврта година по ред го одбележува 17 Мај – Светскиот ден на СОС-телефоните за помош и поддршка на децата во светот.

 |  Маја Савиќ  | 
solza
солза
MegjashiПреку одбележувањето на овој ден СОС линиите за помош на деца ширум светот ставаат посебен акцент на услугите кои тие ги обезбедуваат за децата на кои им е потребна грижа и заштита.

СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 на Првата детска амбасада во светот Меѓаши функционира веќе 17 години и до денеска на него се регистрирани 17.784 пријави на проблеми.

Во првите години од постоењето на СОС телефонот, како што посочуваат од Меѓаши, поголемиот дел од јавувачите беа деца и адолесценти и нјачест мотив за јавување беа меѓуполовите односи.

– Овој тренд полека почна да се менува низ годините. Бројот на јавувања се намалуваше, а за сметка на тоа се зголемуваше бројот на пријави од страна на возрасните загрижени за децата, кои пријавуваа сериозни прекршувања на детските права. Почнаа да се зголемуваат пријавите на сексуална злоупотреба, семејно насилство и пријави на насилство во училиштата. За жал, резултатите од последните години на работа на СОС службата покажуваат дека всушност децата се незаштитени и често изложени на насилство и злоупотреба од страна на возрасните, велат од Меѓаши.

Минатата година на СОС телефонот беа регистрирани вкупно 377 јавувања од кои најголем процент беа пријави на различни облици на насилство во семејството, училиштето или помеѓу врсниците.

{loadposition content9}