Skip to main content

Светски ден на танцот

Овој ден е посветен на танцот, на неговата неизмерна количина на дијалекти и неговата огромна моќ на изразување, преобразбра, единство и радост.

tancerka
танчерка
Овој ден е посветен на танцот, на неговата неизмерна количина на дијалекти и неговата огромна моќ на изразување, преобразбра, единство и радост.
Меѓународниот ден на танцот е посебен ден,  посветен на секое тело, без разлика на верата, бојата и културата кое ги преобразува традициите од минатото во приказни на сегашноста и во соништата на иднината.

Ова во меѓународната порака по повод Светскиот ден на танцот – 29 април го истакнува лондонскиот кореограф  Акрам Кан.

Во македонската порака за овој ден, кореографката Рисима Рисимкин, уметнички директор на „Танц фест Скопје“ и член на извршниот одбор на Интернационалниот танцов комитет на УНЕСКО (International Dance Council – CID) вели дека танцот е дел од животот поради постојаниот стремеж   да постигнеме рамнотежа меѓу посакуваното и можното.

– Танцот е дел од нас, ние сме дел од него и постојано се надополнуваме. Танцот е убавина, радост и дел од нас, како што сме ние дел од нештото и како што сме или не. Дел од целото, истакнува Рисимкин. 

tanceriПо повод Светскиот ден на танцот, во Мала станица вечер ќе биде презентиран проектот Individuals (Индивидуалци) во рамки на регионалниот проект Go out & Dance (Излези и танцувај!). Целта му е комуникација со публиката преку нов, модно авангарден интердисциплинарен пристап кој ги спојува модата, современиот танц и визуелната уметност.

Проектот предвидува инсталација која се состои од реализирани модели на дизајнери – индивидуалци, инспирирани од кореографските легенди и видеодело кое ги илустрира кореографските дела низ визуелни интерпретации.

„Излези и танцувај!“ е дел од промотивната програмска линија на Танцовата академијата – НОМАД  која го промовира современиот танц во регионот. Во шест главни града на Балканот – Скопје, Белград, Љубљана, Сараево, Софија и Загреб, денеска се поканети сите луѓе да танцуваат заедно со уметниците од НОМАД, на јавни места – на плоштади, мостови, пешачки премини, институции…
Интернационалниот танцов комитет го прогласи Светскиот ден на танцот во 1982 година, а 29 април е избран зашто е датум на раѓањето на Жан Жорж-Новер (1727), реформатор во танцот и творец на современиот балет.

{loadposition content9}