Светски ден на театарот
„Да се прави театар значи да се фрли светлина на сцената од нашиот секојдневен живот“, е дел од меѓународната порака по повод 27 март – Светскиот ден на театарот.
театар

Традиционално на овој ден, во театрите низ целиот свет, претставите почнуваат со читање на Меѓународната порака, која годинава ја упати познатиот бразилски театарски режисер, драмски писател и политичар Аугусто Боал.
„Една од главните функции на нашата уметност е да и ги приближиме на нашата свест претставите од секојдневниот живот каде што актерите се истовремено и публика, и каде што сцената и публиката стануваат едно. Ние сите сме актери: правејќи театар, се учиме да го видиме тоа што е очевидно но не го гледаме, бидејќи немаме навика да гледаме. Тоа што ни е секојдневно останува невидливо за нас“, се вели во универзалната порака по повод Светскиот ден на театарот.
На претставите што денеска ќе бидат поставени во театрите низ Македонија ќе биде прочитана и националната порака од актерот Ѓорѓи Јолевски.
„Театарот е местото каде што се чувствувам жив и каде што можам слободно да дишам. И да верувам дека мојот партнер – гледачот, после добиената доза волшебство, ќе се врати во својот свет променет“, наведува Јолевски.

{loadposition content9}