Светски Ден на заштита на животната средина
Светскиот ден на животната средина се одбележува во Македонија со презентации на тема „Вредностите на биолошката разновидност во Македонија и исполнување на обврските за членство во Европската унија“.
| Маја Савиќ | Македонија
животна средина
Светскиот ден на животната средина се одбележува во Македонија со презентации на тема „Вредностите на биолошката разновидност во Македонија и исполнување на обврските за членство во Европската унија“.
Презентацијата ќе се одржи на Попова Шапка, а настанот ќе го отвори специјалниот претставник на Европската унија во Македонија Ерван Фуере.
Обраќање, како што е најавено, ќе има и постојаниот координатор на Обединетите нации и претставник на УНДП во Македонија Дирдра Бојд, а на настанот ќе присуствува министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи.
По завршувањето на презентациите, предвидено е да се посети локалитетот Јалак, каде што ќе се одржи традиционален пикник.
Светскиот ден на заштита на животната средина, 5 јуни, годинава се одбележува на тема „Многу видови. Една Планета. Една иднина“, во согласност со одлуката на ОН која 2010. ја прогласи за Меѓународна година на заштита на биодиверзитетот.
Според податоците на ОН, од проценетите пет па дури до 100 милиони видови на Земјата, дури 17.291 се на работ на изумирање. Сечењето на шумите, сушењето на мочуриштата, испуштањето гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, се само некои од активностите со кои неповратно го уништуваме разновидниот живот на Земјата и секој е повикан да помогне во отстранувањето на тие опасности.
Светскиот ден на заштита на животната средина се одбележува секој ден на 5 јуни, на годишнината од оддржувањето на Конференцијата на ОН во Стокхолм во 1972 година, посветена на животната средина, а на која беше прифатена Програмата за заштита на околината на Обединетите нации.
{loadposition content9}