Skip to main content

Тања Цароска дел од проект награден со Греми

Наградатa GRAMMY 2012, за најдобар поп инструментален албум ја освои познатиот Американец, музичарот Крис Боти, за својот албум “Impressions” во кој има и една заедничка изведба со ресенчанката Тања Царовска.

impresii
импресии

tanja carovskaМузиката е напишана од оскаровецот Габриел Јарет, текстот за хорот е на Тања Царовска, која со нејзиниот прекрасен глас во нејзин препознатлив стил го надополнува свирењето на Боти.

Минатата година Боти, специјално од Лос Анѓелес допатува во Лондон, за да ја сними песната заедно со Тања Царовска во познатото лондонско студио AIR, сопственост на Џорџ Мартин, менаџерот на легендарни Битлси.

Песната „Севдах“ која заеднички ја снимија се најде на албумот кој ја понесе наградата GRAMMY за најдобар инструментален албум.

{loadposition content9}