Skip to main content

Мвр

Татко го нападнал својот син и се обидел да го удри со возило

Приведен 56-годишен маж од селото Флорино, кој по расправија со синот, се обидел да го удри со кола, информираат од МВР.
 |  инфодеск  | 
Полиција

Педесет и шест годишен маж со иницијали Љ.А. од селото Флорино е приведен од страна на полицијата.

Тој околу 12:30 часот во близина на место викано „Голема нива“, помеѓу Форино и Чајле, по претходна расправија, физички го нападнал неговиот 32-годишен син и се обидел и да го удри со возило во кое претходно двајцата се превезувале – информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.