Тешка сообраќајна несреќа кај Лозово
Во тешката сообраќајна несреќа се случи утрово меѓу шинобус-воз и автобус во близина на бензинската „Мики петрол” на патот Штип-Велес, во близина на Лозово според непотврдени информации најмалку 30 лица се повредени од кои некои веќе се пренесени на скопските клиники.

Според очевидци, глетката била страотна и според информации од теренот повредените патници се пренесувани на лекување во штипската и велешката болница.
Силвана Мишева портпарол на Општа болница Велес изјави дека претпладнево во болницата со приватни автомобили и возила на Итната медицинска служба донесени се 16 пациенти.
Од нив тројца поради сериозноста на повреите ќе бидат префрлени на лекување во Клинички центар во Скопје. Според информации од центарот, подготвени се примање повеќе пациенти.
Меѓу повредените, според непотврдени информации, има деца и бремена жена. Мишева рече за порталот Лисица дека повредената е задржана на гинеколошко акушерското одделение но нејзината состојба е стабилна.
{loadposition content9}