Skip to main content

Тошковски: Уапсени четири лица во Струга и Гостивар поврзани со тероризам

Уапсени 4 македонски државјани во полициска акција спроведена во Струга и во Гостивар за кои има основано сомнение дека планирале во иднина да организираат одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
 |  инфодеск  |  ,

– Станува збор за терористички организации, четири лица кои се лишени од слобода. Тие, во соработка со лица кои не се на територијата на Македонија, подолг временски период се следат од страна на надлежните безбедносни органи и во соработка со меѓународните пријатели е координирано постапено. Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави. Нивната цел била да индоктринираат останати луѓе од Балканот кои би можеле да делуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели, изјави Тошковски на денешната прес конференција.

Во текот на денов лицата ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и ќе следат соодветни постапки.