Трагедија: Воз прегази 14 емигранти во Македонија
Најмалку 14 емигранти загинале во железничката несреќа која доцна синоќа, околу 22.30 часот се случи на железничката пруга меѓу Велес и Скопје, во близина на железничкото стојалиште „Пчиња“.
Најмалку 14 емигранти загинале во железничката несреќа која доцна синоќа, околу 22.30 часот се случи на железничката пруга меѓу Велес и Скопје, во близина на железничкото стојалиште „Пчиња“. Се стравува дека бројот на загинати може да биде поголем, пишува „Телеграф“.
Според досегашните сознанија на пругата во мигот кога налетал возот имало педесетина емигранти. Но, поради немањето доволно простор околу шините, истите не успеале да се засолнат.
До местото на несреќата може да се пристигне единствено по железнички пат. Кон местото се упатени медицински екипи, но поради непристапноста на теренот, засега не може да се испрати поголема помош.
Полициските единици кои пристигнале на местото на настанот утврдиле дека има 14 загинати. На местото затекнале уште осуммина, за кои се претпоставува дека се роднини на загинатите. Останатите од групата, веројатно се разбегале.
{loadposition content9}