Skip to main content

Трамп разрешува 30 амбасадори, меѓу нив и Анџела Агелер

„Америка на прво место“: Трамп повлекува амбасадори назначени во мандатот на Бајден
 |  инфодеск  |  ,

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп отстранува 30 дипломати од позициите амбасадори и други функции во амбасадите ширум светот.

Оваа одлука е дел од пошироките напори за реструктуирање на американските дипломатски мисии и поставување на кадри кои целосно ги поддржуваат приоритетите на Трамп, односно неговата платформа „Америка на прво место“, информира Бета, а цитирајќи го Асошиејтед прес.

Сите повлечени амбасадори стапиле на должност за време на администрацијата на претседателот Џо Бајден, но останале на тие места по првичната „чистка“ на почетокот на вториот мандат на Трамп во јануари, кога цел беа главно политички именуваните функционери.

Најмногу погодена од смените е Африка, каде се повлечени амбасадорите од 13 земји – Бурунди, Камерун, Зеленортските Острови, Габон, Брегот на Слоновата Коска, Мадагаскар, Маврициус, Нигер, Нигерија, Руанда, Сенегал, Сомалија и Уганда.

На второ место е Азија со промени на амбасадорите во шест земји – Фиџи, Лаос, Маршалските Острови, Папуа Нова Гвинеја, Филипини и Виетнам. Во Европа, смени ќе има во Ерменија, Северна Македонија, Црна Гора и Словачка. На Блискиот Исток во две држави – Алжир и Египет, во Јужна и Централна Азија – во Непал и Шри Ланка, како и во Гватемала и Суринам.

ФОТО: МИА