Skip to main content

„Трансформација 28“- реформи и реорганизација на Црвен крст на Македонија

Црвен крст на РСМ најави реформи и реорганизација на националното друштво. „Трансформација 28“ или новата Петгодишната развојна стратегија таргетирачетири области: реорганизација на инфраструктурата, односно на организациската поставеност на Црвен крст, културолошка трансформација, дигитализација, како и реорганизација на програмите на Црвен крст.
Црвен крст

„Трансформација 28“ или новата Петгодишната развојна стратегија на Црвениот Крст на процес кој што го започна Организацијата на црвениот Крст на Македонија, во насока на  имплементација на реформите и реорганизација на националното друштво. Во документот ќе бидат опфатени четири области и тоа организационата поставеност на Црвениот Крст, потоа културолошката трансформација, процесите на дигитализација на организација и на услугите кои ги нуди и за крај трансформацијата и реорганизацијата на програмите на Црвениот Крст.

„Постои интерес кај младите и секако младите како целна група итекако се опфатени во стратегијата. свесни сме да ги за држиме и добиеме дополнителен број на млади луѓе треба да ја прилагодиме понудата кон нивните потреби. Аналогно сме принудени со овој дел и тоа да го направиме иако веќе во дел сме успеале. затоа што овој документ е создаден низ консултативен процес.“ – изјави Саит Саити – генерален секретар на Црвен Крст на Македонија.

Претседателот на Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид, Сашо Точков ја истакна важноста од стратегијата за нашата локална организација. „Она што е битно за нас како општинска организација овде во општината, е ние дадовме и свои видувања и свои предлози за оваа трансформација која започна минатата година и која ќе трае пет години. Имплменетацијата ќе биде до 2027 година когашто ќе се видат резултатите“, вели, – Сашо Точков – претседател на О.О. Црвен Крст Охрид.

„Она што општинските организации ќе го добијат е поголема самостојност, поголема пристапност до националните компании преку Црвениот Крст на Македонија. Поголема транспарентност, одговорност, структурна организираност, поразлична, различен пристап и до членството.“ – вели Сашо Точков – претседател на О.О. Црвен Крст Охрид.

Точков појасни дека, со новата развојна програма, исто така, ќе се забрза и процесот на децентрализација, што ќе значи дополнителен мотив за работа на општинските организации кои се структурните елементи на Организацијата на Црвениот Крст на Македонија, со полесен пристап до фондовите, за реализација на оние програми кои се покажале како успешни, но и за создавање уште успешни приказни, пред се за помош на оние на кои им е најпотребна. На настанот имаше и видео обраќање на Генералниот секретар на друштвата Меѓународната федерација на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина, Г-дин Џаган Џапаган, која порача дека ова е силна инвестиција во подобрувањето на организацијата, која помага во намалувањето на човековите потреби во овој тежок период за човештвото.