Skip to main content

“Треба да докажат”-рече министерот Бајрами

Нема место за хомосексуалците во новиот закон за недискриминација.

 |  Маја Савиќ  | 
Dzelal Bajrami
Џелал Бајрами

sobranieИзненадени како одеднаш излегува нацрт верзија без правата на овие групи. Министерот за труд и социјална политика, Џелаљ Барјами не умееше прецизно да одговори зошто хомосексуалците се изземени од законот. Прво кажа дека нивните права ги немало во уставот, па оттука не можеле да влезат ниту во законот.
„Тоа што вие го зборувате, тоа не е влезено од причини што тоа не е во согласност со уставот и законите во Р. Македонија“, вели Џељаљ Бајрами.
Потоа се премисли, па тврдеше дека такво нешто не кажал.
„Значи во ниту еден дел од мојот говор не кажав дека Уставот забранува, напротив јас кажав со овој закон, заштита добиваат сите граѓани од Р. Македонија“, изјави Бајрами.
За на крај да дополни дека и покрај тоа што ги исклучиле од законот, тие имале права да се жалат, иако не објасни како можат да ги остварат таквите права.
„Значи сите граѓани на Р. Македонија можат да побараат заштита од дискриминација.“, додаде Бајрами.
Иако се дискриминирани по основ на сексуална ориентација?
„Треба да го докажат тоа, дека се дискриминирани по основ на дискриминација и доколку се утврди дека се дискриминирани по основ на сексуална дискриминација ќе добијат заштита“,рече Бајрами.
Под кој основ ќе бараат тие заштита?
„Ќе бараат основ доколку се дискриминирани ќе најдеме“, додаде Бајрами.
Од невладиниот сектор велат дека ќе ги известат сите меѓународни институции за последнава ситуација со законот. Законот за не дискриминација со години се работеше и доработувше, но никако не можеше да дотурка до Собранието.
Најжешка точка во него беа правата на хомосексуалците. Невладините организации уште од пред неколку месеци обвинија дека поради нејзината конзервативна определба владејачката партија вршела притисоци овие групи да не се вклучат во законот за заштита од дискриминација.
И во последниот извештај на Европската комисија во делот за човекови права Македонија доби најлоши оценки. Потребата од заштита на правата на хомосексуалците повторно беше спомената.
Предлог законот за недискриминација доколку помине во собраниска процедура, треба да стапи на сила од први јануари следната година.

Оваа вест е преземена:

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119344


{loadposition content9}