Skip to main content

Тренчевска: Минимална пензија од 18 000 е неправедна, а линерано зголемување е неуставно

Министерката им ветила на претставниците на пензионерите дека барањата ќе бидат разгледани и во министерството и во Влада.
 |  инфодеск  | 
Слика пензионери средба

Претставници на пензионерите по денешниот протест во Скопје барањата за линеарно зголемување на пензиите од 3 500 денари на основицата на пензијата и зголемување на минималната пензија на 18 000 денари и ги образлагаа на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Побараа министерката да се заложи за нивните барања и да ги пренесе во владата.

Претставниците на пензионерите појаснија дека бараат линерано зголемување од 3.500 денари што ќе влезе во пензијата на сите 336 илјади пензионери во државава, и тоа да не биде еднократен надомест, а потоа да ги добиваат и процентните покачувања што ќе им следуваат.

Министерката им кажа дека барањата ќе бидат разгледани и во министерството и во Влада, но смета дека барањето за линеарно покачување е противуставно и дека таква одлука во 1998 била поништена од Уставниот суд, а зголемувањето на минималната пензија дека е неправедно кон оние кои имаат 35 или 40 годишен работен стаж.