Skip to main content

Трета лидерска средба

Денеска за трет пат ќе се сретнат лидерите на четирите најголеми политички партии на, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, со присуство на амбасадорите на САД и ЕУ во земјава, Џес Бејли и Аиво Орав.

liderska

Денеска за трет пат ќе се сретнат лидерите на четирите најголеми политички партии на, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, со присуство на амбасадорите на САД и ЕУ во земјава, Џес Бејли и Аиво Орав.

По одржаните две средби до сега, политичките лидери немаат постигнато никаков договор за излез од политичката криза.

lideriЕУ размислува за праќање специјален претставник во Македонија. Идејата да се испрати специјален претставник на ЕУ во Македонија стаса од лидерот на опозицијата Зоран Заев по неговото враќање од преговорите со Груевски во Стразбур.

Поради безбедносните импликации по настаните во Куманово, во Брисел доминирал ставот дека нивниот пратеник треба да има пошироки овластувања, односно да добие мандат на Специјален претставник за Македонија. Последен таков претставник на ЕУ во Македонија беше Французинот Ален Ле Роа, во периодот по конфликтот од 2001 година.

Според европскиот дипломат со кој НОВА разговараше, овие лидерски средби треба да состават “патоказ” кој води кон решение.

Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи денеска ја договораат рамката за дијалог.

На веќе одржаните средби кои завршија безуспешно беше заклучено дека за да напредуваат преговорите треба да се утврдат принципи за преговарање, да се обезбеди рамноправност и гаранции дека договореното ќе се почитува.