Skip to main content

Три нови е-услуги на ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија воведува уште три нови електронски услуги.
Електронски барања за остварување на право на специјализирана медицинска рехабилитација, за рефундација за патни трошоци и за рефундација на ортопедски помагала се трите нови електронски услуги.

stefanoski

Фондот за здравствено осигурување на Македонија воведува уште три нови електронски услуги.
Електронски барања за остварување на право на специјализирана медицинска рехабилитација, за рефундација за патни трошоци и за рефундација на ортопедски помагала се трите нови електронски услуги.

Осигуреникот ќе може да го следи статусот на своето барање во кој се наоѓа со што во секое време ќе има информација до каде е неговиот предмет на решавање и кога ќе се рефундираат средствата.
За користење на овие услуги, осигуреникот треба да биде регистриран на порталот на ФЗОМ.
Со првата услуга – поднесување на барање по електронски пат за остварување на право на специјализирана медицинска рехабилитација (продолжено болничко лекување во бања), се овозможува секој осигуреник да може да поднесе барање за остварување на право за рехабилитација по донесено мислење од Лекарска комисија.

logoВо врска со втората услуга – поднесување на електронско барање за повраток на средства за патни трошоци за дијализа и за вежби за видот, слухот и говорот, сите осигуреници кои одат на дијализа и патуваат за да ја добијат оваа здравствена услуга и заради тоа имаат патни трошоци, отсега ќе можат барањето за рефундирање на средства за транспорт да го доставуваат електронски на веб порталот на Фондот.

Третата услуга – поднесување на електронско барање за рефундација на ортопедски помагала, може да направи рефундација за ортопедски и други помагала за кои Фондот нема склучено договор за испорака со правен субјект, а тие се на Списокот на ортопедски и други помагала и ортопедски и други помагала за кои Фондот има склучено договор само со еден правен субјект.