Тројно убиство во Злетово, сторителот во бегство
Тројно убиство изутринава се случи во најголемотo пробиштипско село Злетово. Убиени се двајца повозрасни мажи и една жена, пренесува „Утрински весник“.
Тројно убиство изутринава се случи во најголемотo пробиштипско село Злетово. Убиени се двајца повозрасни мажи и една жена, пренесува „Утрински весник“.
Откако го извршил страотниот злочин убиецот, за кој во селото кружат гласови дека бил платен војник, побегнал во непозната насока и по него трагаат силни полициски сили зашто се смета дека тој е наоружан.
На лице место излегоа истражен судија и јавен обвинител. Од СВР Штип го потврдуваат убиството, но информираат дека се трага по убиецот. Од полицијата не сакаат да го откријат неговиот идентитет.
Повеќе детали полицијата најавува во текот на денот.
{loadposition content9}