Skip to main content

Уапсен е Фехми Стафа, поранешен државен правобранител

Уапсен поранешниот државен правобранител – осомничен за поткуп
 |  инфодеск  | 

 Вчера беше уапсен поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, под сомнение за примање поткуп.

Според првичните информации, Стафа е лишен од слобода за дело поврзано со поткуп од неколку десетици илјади евра. Стафа на функцијата дојде како предлог на Алтернатива, а се поврзуваше и со ДУИ. Против Стафа, имаше и низа пријави во Финансиската полиција.

Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен првобранител од август во 2018 година до 23 август 2022 година кога беше разрешен. Државниот правобранител го назначува Владата, а институцијата со која раководи е задолжена да ги штити имотните и други права и интереси на државата.

Инаку, неговото име најчесто се поврзуваше и со случајот „Трансмет“, односно со постапките за одземање имот поврзан со бизнисменот Сеад Кочан. Тој беше во судир со поранешните обвинители на СЈО, Гаврил Бубевски и Артан Ајро, затоа што државата не го конфискуваше имотот на Кочан.