Убиен македонски државјанин со колец во Сончев брег
14-годишно момче од Несебар е приведено за убиство на македонски државјанин.
| инфодеск | Македонија
14-годишно момче од Несебар е приведено за убиство на македонски државјанин во Сончев Брег, соопшти полицијата во Бургас. Во текот на вчерашниот ден во Бугарија било пронајдено безживотно тело на 50-годишен државјанин на Македонија. Телото на жртвата било откриено во шумска област а според бугарските медиуми смртта настанала како последица на нанесени удари со колец во пределот на главата. Според изјавите на органите на прогонот жртвата и момчето не се познавале, оствариле контакт на улица. Сомнежите за можниот мотив за убиството се движат од педофилија до грабеж.
Покрената е предистражна постапка. Малолетникот се соочува со максимална казна до пет години затвор.