Skip to main content

влада на рсм

Намалени цените на училишниот прибор: 10% во трговија на големо, до 15% на цените во трговија на мало

Одлуката важи од денот на нејзино објавување до 30 септември 2026 година.
 |  инфодеск  | 
A vibrant selection of school supplies on a desk, including paints and stationery, ideal for creative projects.

Владата на денешната владина седница донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, односно трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10%, додека пак трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување од најмалку 15%, соопшти денес портпаролот на Владата, Марија Митева.

Мерката опфаќа производи кои се неопходни за почетокот на учебната година: ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст-маркери, темперни, акрилни и водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли, лепила, шестари, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни, како и материјали за изработка. 

-Ова е конкретна мерка насочена кон директна поддршка на семејствата во период кога имаат зголемени трошоци за подготовка на децата за новата учебна година. Намалувањето на цените на училишниот прибор е уште еден чекор во насока на заштита на животниот стандард на граѓаните, како и намалување на притисокот врз семејниот буџет, додаде Митева.

Одлуката за намалување на цените е во периодот од објавување на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.