Skip to main content

образование

Училиштата се подготвуваат за едносменска настава, учебници ќе има

Во земјава 124 основни и средни училишта се подготвени за воведување на истата. Во Охрид во едно училиште веќе започна ваков вид настава. Новиот концепт настава во една смена подразбира осум часа во училиште, следење настава, подучување, завршување домашни обврски и дополнителни наставни активности. Министерката за образование вели учениците оваа учебна година ќе имаат учебници, а преку јавна расправа ќе се ревидира наставната програма од 1 до 9 то одделение.
 |  инфодеск  | 

Учениците оваа учебна година ќе имаат учебници.

Во Охрид во едно училиште веќе има едносменска настава, а во земјава 124 основни и средни училишта се подготвени за воведување на истата.

Во меѓувреме се прават сериозни анализи за уште 50тина во догледно време со доградба на  училници да може да почнат со едносменска настава. Развојно во следните неколку години ќе се прилагодуваат сите училишта за настава во една смена.

Министерката за образование вели учениците оваа учебна година ќе имаат учебници, а преку јавна расправа ќе се ревидира наставната програма од 1 до 9 то одделение. –Сега децата ќе имаат печатени хартиени книги пред себе изработени во вид на материјали за учење од страна на Бирото за образование и од поедини автори. Значи децата оваа година ќе имаат и историја, општество и географија за 7 одделние. Има реакции и на наставници и на родители, значи оваа година ги ставивме на јавна расправа наставните планови и рпограми за 7 и 8 одделение. И таа јавна расправа е се уште отворена кога ќе заврши ќе ја ставиме на јавна расправа и рпограмата за 9 то одделние ќе се вратиме на 6 за да го заокружиме овој циклус од 6 до 9 то а потоа и од 1 до 5 то оти има незадоволство од квалитетот на учебниците, и од содржините, но тоа е процес кој не може да се направи за два до три месеци.

На 1 септември нема да биде затворено ниту едно училиште во руралните средини каде има мал број на ученици, се прават анализи за оние училишта кои се во близина на градовите  децата да се приклучат во централните училишта. Целта е подобра настава за децата од рураните средин, а од друга страна и пренамена на празните училишни објекти за потребите на општините.

„До први септември ниту едно училиште нема да биде затворено во руралните средини. Во 10 општини тој процес е веќе затворен сега почнуваме работа на други 20 општини, но се контактира со локалната самоуправа, со директорите, се прави анализа. Значи зборуваме за оние училишта кои се блиску до централното на 2,3 или 5 км. а имаат само по неколку дечиња кои де факто се изолирани во руралните средини. Приближувањето на тие деца во централните училишта ќе придонесе подобра социјализација, дружење со другарчињата, следење на еден поинаков тип на настава не само комбиниран, повеќе нагледни средства, така да сметаме дека тоа ќе биде во голема корист на учениците и државата. Тие училишта ќе може да се користат за градинка за било што и е потребно на општината”, додава Јаневска.

Новиот концепт настава во една смена подразбира осум часа во училиште, следење настава, подучување, завршување на домашни обврски и дополнителни наставни активности.

Новинар Соња Рилковска