Skip to main content

Угостителите ќе треба да направат посебен влез за непушачите

Министерот за здравство Азир Алиу очекува дека за најмногу месец и пол законот за заштита од пушење ќе биде усвоен.
 |  инфодеск  | 

Предлог-законот за заштита од пушење ќе се разгледува на владината седница во вторник, а веднаш потоа ќе биде доставен во Собранието. Министерот за здравство Азир Алиу очекува дека за најмногу месец и пол законот ќе биде усвоен.

Законот првично беше најавен дека ќе почне да се применува од 1 март, но беше одложен поради реакции и забелешки од угостителите и тутунската индустрија.
Главните новини што ги носат измените во доменот на угостителството се тераси со две отворени страни: Наместо досегашните три, пушењето ќе биде дозволено на тераси кои имаат две отворени страни. Ова е големо олеснување за угостителите кои реагираа дека не можат да го исполнат претходниот услов.
Дополнително доколку терасата има кров што се отвора, тоа ќе се смета за отворена површина.
Најголемиот инфраструктурен зафат за газдите на угостителски објекти ќе биде обезбедување посебен влез кој е физички одвоен од пушачкиот дел.

Министерот Алиу е оптимист дека со овие мерки, бројот на пушачи во Македонија за две години ќе се преполови – од сегашните 45% на 20%.