Skip to main content

Угостителските услуги во јули покапи за 4,8 отсто во споредба со лани

Цените на угостителските услуги во јули, пак, во однос на јуни 2024 година, останале на исто ниво.
 |  инфодеск  | 
ugostitelstvo

Цените на угостителските услуги во јули 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемен за 4,8 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2024 година, во однос на истиотпериод од минатата година, е зголемен за 5,6 %, додека во однос на декември 2023 година има раст од 2,4 %.

Цените на угостителските услуги во јули, пак, во однос на јуни 2024 година, останале на исто ниво.