Угостителските услуги во јуни поскапени за 2.6% споредено со јуни минатата година
Анализата за периодот од јануари до јуни 2026 година открива дека цените во угостителството во споредба со истиот период од претходната година се повишиле за 2,8%.
| инфодеск | Македонија

Во текот на јуни 2026 година, цените во угостителскиот сектор забележаа благо зголемување од 0,2% во споредба со претходниот месец. Во однос на истиот период лани, односно јуни 2025 година, угостителските услуги поскапеле за 2,6%. Ова го покажуваат најновите статистички податоци од Државниот завод за статистика.
Анализата за периодот од јануари до јуни 2026 година открива дека цените во угостителството во споредба со истиот период од претходната година се повишиле за 2,8%. Дополнително, во споредба со крајот на 2025 година, односно со декември, забележано е зголемување од 0,8%.
Извор: МИА







