Skip to main content

УХМР: Попладне пороен дожд

Управа за хидрометеоролошки работи издаде актуелно предупредување во кое стои дека денес од крајот на денот и особено преку ноќта, од запад ќе се прошират врнежи од дожд повремено пообилни и проследени со грмежи.
 |  инфодеск  | 

Во Охрид денеска ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 28. степени.

-Од денес попладне, преку ноќта и особено утре преку денот, времето ќе биде променливо облачно и посвежо на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m² за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и град, Во вторник врнежите ќе бидат пообилни, а температурата преку денот ќе биде значително пониска, информираат од УХМР.