Skip to main content

управа за јавни приходи

УЈП ја објави Листата на должници

На Листата на должници има 1962 правни лица (помалку за 7 во однос на претходната листа) и 3915 физички лица (повеќе за 69 од претходната листа).
 |  инфодеск  | 
ujp

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници која ги опфаќа долговите доспеани до 30 септември 2024 година и неплатени до 31 декември 2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На оваа листа вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

    На Листата на должници има 1962 правни лица (помалку за 7 во однос на претходната листа) и 3915 физички лица (повеќе за 69 од претходната листа).

    На листата на должници од Охрид има вкупно 122 правни и физички лица кои должат 303 745 189 денари.

    Целосната листа може да се погледне тука.