УЈП се заканува со присилна наплата на радиодифузната такса
Управата за јавни приходи преку јавно соопштение побара обврзниците за радиодифузна такса кои не извршиле плаќање на јавната давачка во законскиот рок да го сторат во најкусо време, бидејќи даночната администрација ќе отпочне со присилна наплата на нивните долгови.
Плаќањето на радиодифузната такса за претходниот месец треба да се изврши најдоцна до 15-ти во месецот, а во случај на задоцнето плаќање надвор од законскиот рок се пресметува камата од 0,03% за секој ден задоцнување.
Граѓаните и фирмите можат по сопствено изјаснување да извршат плаќање на радиодифузната такса за повеќе месеци, односно за цела календарска година или пак да вршат плаќање со траен налог, за што треба да потпишат договор со носителот на платниот промет, односно банката.
{loadposition content9}