Skip to main content

Управа за јавни приходи

УЈП во контрола на туристичко – угостителските објекти во Охрид, Струга и Дојран

Од УЈП апелираат граѓаните кои се соочуваат со неиздавање на фискална сметка или им се издава сметка која не ги содржи елементите на фискалната сметка да пријавуваат на бесплатните телефонски линии на УЈП 198, или да поднесат претставка писмено во канцелариите на УЈП или на маил на info@ujp.gov.mk како и преку апликацијата МојДДВ.
 |  инфодеск  | 
ujp

Даночните инспектори и контролори изминатиот викенд извршија контроли во туристичко – угостителските објекти во Охрид, Струга и Дојран во 108 објекти.

Кај 49 даночни обврзници се утврдени неправилности кои се однесуваат на неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра, не регистрирана резервна фискална апаратура, неводење книга за дневни финансиски извештаи, неводење итна сметковотствена книга за извршениот промет на добра, односно на услуга, непоставено соопштение на видно место со кое се информира купувачот на добро, односно корисникот на услуга за неговата обврска да бара фискална сметка; неодржување во исправна состојба фискалните апарати.

Од УЈП информираат дека согласно ЗРГП изречени се глоби за даночните обврзници и одговорните лица на истите, и дека согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП) даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, односно плаќањата ги вршат во готово (готовински плаќања), должни се да да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат фискална сметка за извршениот промет односно услугата.