Skip to main content

УЈП започна со наплата на радиодифузната такса

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека започна со наплатата на радиодифузната такса со доставување на решенија за јануари 2011 г.

 |  Маја Савиќ  | 
mrtv
мртв
Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека започна со наплатата на радиодифузната такса со доставување на решенија за јануари 2011 г.

mrtvНовиот начин на плаќање се состои во тоа што целокупната постапка за наплата ќе ја врши Управата за јавни приходи, наместо како досега ЈП Македонска радиотелевизија.
Од УЈП наведуваат дека радиодифузната такса ќе треба да се плати најдоцна до 15-ти во месецот, во спротивно ќе се пресметува камата од 0,03% на износот кој нема да биде платен во законскиот рок и тоа за секој ден задоцнување.
Обврска да плаќа радиодифузна такса во месечен износ од 130 денари има секое семејство, а единствено од оваа обврска се ослободени оние домаќинства во кои има слепо лице со оштетување на видот од над 90 отсто или глуво лице со оштетување на слухот од над 60 отсто.
Правните лица и сопствениците на деловен објект се должи да плаќаат такса според бројот на вработените, при што за секој 20 вработени се плаќа нова такса, а хотелските објекти  имаат обврска да плаќаат такса на секој пет соби, се појаснува во соопштението.


{loadposition content9}