Skip to main content

Ковид мерки

Укинување на мерките за влез во земјава

Туристичките агенции бараат укинување на рестриктивните мерки при влез во државата. Сметаат дека во пресрет на Велигденските, Првомајските и Рамазанските празници потребно е олеснување на протоколите на граничните премини. Целта е туристичко раздвижување и поголеми приходи во туристичкиот сектор, еден од најпогодените во изминативе две години во пандемијата.
 |  инфодеск  | 
аранжмани на туристички агенции

Туристичките агенции бараат да се укинат заштитните мерки при влез во државата. Сметаат дека во пресрет на Велигденските, Првомајските и Рамазанските празници потребно е олеснување на протоколите. Со цел да се зголеми бројот на туристи во земјава, бараат укинување на сертификати за вакцинација или негативен тест на граничните премини.
Пандемијата стивнува и треба да се следи примерот на голем број земји кои веќе ги укинаа рестриктивните мерки за влез во нивните земји.

„Што поскоро укинување на мерките кои што се уште се на важност за влез во државата. Се уште на важност имаме мерки, комплетна вакцинација, пцр тест или антиген тест, што негативно влијае за да имаме што повеќе гости“ – вели Јаким Маленко, тур-оператор.

Укинувањето на протоколите ќе има двоен импакт врз туризмот. Ќе придонесе за туристичко раздвижување, како и за поголеми приходи во најпогодениот сектор од пандемијата.

„Сепак, останува еден голем број на луѓе кои што не се вакцинирани или прележале Ковид и не се вакцинирале, па овие услови ги кочат. Придобивките ќе бидат взаемни. Тоа значи, укинувањето да биде и за влез во земјава, и од двете страни добиваме поголем импакт во туризмот. Затоа што и нашите граѓани кои сакаат да патуваат во странство при враќање им треба доказ за вакцинација или тест, а и гостите и странските туристи кога доаѓаат, повторно треба тест, така што укинувањето е приоритет што мора итно да се направи и да имаме што повеќе гости“ – додава Маленко.

Пред неколку денови Комисијата за заразни болести препорача укинување на потврдата за вакцинација за влез во земјава. Предлогот треба да го одобри Владата.

Новинар Соња Рилковска