Skip to main content

The United Nations Development Programme (UNDP)

Преспа добива 188 километри велосипедски и планински патеки за развој на одржлив туризам

Велосипедските рути ги поврзуваат Коњско, Стење, Ресен и селата на западниот брег на Преспанското Езеро, како и населените места во јужниот дел на регионот, сè до Маркова Нога кај Долно Дупени.
 |  инфодеск  | 

Започна уредувањето и обележувањето на 188-километарски интегриран систем со велосипедски и планински патеки за развој на одржлив туризам во Преспа. Од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), имплементатори на програмата „ЕУ за Преспа“ финансирана од Европската Унија, соопштија дека новиот туристички пакет ќе содржи уредени маршрути, нова сигнализација, видиковци, летниковци и места за одмор.

Велосипедските рути ги поврзуваат Коњско, Стење, Ресен и селата на западниот брег на Преспанското Езеро, како и населените места во јужниот дел на регионот, сè до Маркова Нога кај Долно Дупени.

Пешачките патеки ќе бидат обележани согласно правилата за планински патеки, патокази и локациски табли, додека по должината на велосипедските рути ќе се постават велосипедски маркери и патокази. На почетните точки на пешачките патеки и на трите главни делници на велосипедската мрежа ќе бидат поставени големи информативни табли, а на крајните точки и на други стратешки локации ќе има помали табли со туристичка карта и информации за патеките.

-Со инвестиции во одржлива туристичка инфраструктура, се создаваат услови природното и културното богатство на Преспа да се претворат во нови можности за локалниот развој. Оваа мрежа на патеки е важен чекор кон активниот туризам, поголема поддршка за локалните бизниси и зачувување на природните вредности на регионот, велат од UNDP.

Активноста се реализира во рамки на програмата #ЕУзаПреспа, финансирана од Delegation of the European Union to North Macedonia имплементирана од UNDP во партнерство со националните и локални партнери.