Упатите за на лекар, заминуваат во историјата
Од средината на месецот април веќе нема да ни бидат потребни хартиени упати за кај специјалист.
Од средината на месецот април веќе нема да ни бидат потребни хартиени упати за кај специјалист.
Прегледите и интервенциите од средината на април ќе се закажуваат преку интегрален компјутерски систем, соопшти министерот за здравство Никола Тодоров.Електронското закажување на прегледи ќе се спроведува од примарното до терцијарното ниво на здравствена заштита.
Доколку пациентот треба да оди кај специјалист, откако веќе ќе отиде кај својот матичен лекар, матичниот ќе го закаже прегледот и ќе пополни електронски упат преку системот, а на пациентот ќе му остане само да отиде кај специјалистот во терминот кој му е закажан.
Воедно, министерот за здравство денеска најави и строги санкции за за оние лекари кои нема да го почитуваат новиот систем.
{loadposition content9}