Skip to main content

Уште седум илјади фирми треба да воведат фискален апарат со GPRS уред

Даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи) треба најдоцна до 31 октомври 2014 година да воведат и регистрираат фискален систем на опрема со GPRS уред.

logo
лого

Даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи) треба најдоцна до 31 октомври 2014 година да воведат и регистрираат фискален систем на опрема со GPRS уред. Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година.

табелаПостапката на регистрација трае до 10 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител, во моментот на набавка на фискалниот апарат.

По успешната електронска регистрација во системот на УЈП, обврзникот може веднаш да го постави фискалниот апарат со GPRS уред во деловниот објект и да врши регистрирање на готовинскиот промет.

Еден месец пред истекот на рокот 1156 обрзници успешно регистрирале 1595 фискални апарати со ГПРС уред, а до 31 октомври 2014 година се очекува 7833 даночни обврзници да ја заокружат постапката.

Од тие причини, апелираме фирмите да не го чекаат последниот рок и навремено да се обратат кај некој од овластените производители заради обезбедување и регистрација на фискален апарат со GPRS уред.

{loadposition content9}