Усвоен извештајот за хеликоптерската несреќа
Редица пропусти биле причина за падот на армискиот хеликоптер при што загинаа 11 македонски мировници.
несреќа

Ова се наведува ви извештајот што бил разгледан и усвоен од владата на затворена седница.
Извештајот ќе биде доставен до Јавното Обвинителство, кое треба да одлучи дали и против кого ќе биде покрената кривична пријава.
Лошите временски услови, непочитувањето на процедурите за инструментално слетување, неисправните инструменти и одредени пропусти во обуката на мировниците се дел од причините што се посочуваат во обемниот извештај како пресудни за падот на хеликоптерот, пишува денеска Утрински весник.
Нема најави кога јавно ќе биде објавен извештајот подготвен од државната Комисија за спречување несреќи и сериозни инциденти во воздухопловството, наведува весникот.
Во несреќата која се случи во близина на Скопје на 12 јануари годинава, на враќање од мировната мисија во БиХ, загинаа полковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓоревски, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шариќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

{loadposition content9}