Skip to main content

Економија

Од утре нови цени на оризот и јајцата

Владата на утрешната седница треба да ги замрзне маржите на оризот и јајцата на цени од почетокот на овој месец.
jajca

Од утре нови цени на оризот и јајцата. Владата на утрешната седница треба да ги замрзне маржите на оризот и јајцата на цени од почетокот на овој месец, кажа на денешната прес конференцвија министерот за економија Крешник Бектеши.

„Во делот на шеќерот и брашното, согласно сите податоци според информациите од Царинската управа, во делот на увозните цени, имаме намалување и трендот на намалување ќе продолжи. Затоа таму нема да преземеме никакви мерки затоа што очекуваме во наредниве денови очекуваме цените сами да паѓаат согласно податоците кои ги имаме.“„Во случај тоа да не се направи од страна на трговците, кон крајот на оваа недела и на почетокот на наредната недела ќе следат дополнителни одлуки и за цената на шеќерот и цената на брашното“ – кажа Крешник Бектеши – министер за економија.

На новинарско прашање во врска со висината на износот каде ќе замрзне цената на јајцата и оризот, односно дали тоа ќе биде на сегашниот износ на цената на овие прехрамбени производи Бектеши рече:

„Во делот на цената ние имаме конкретен предлог како Министерство за економија, нема да биде денешната цена, туку една од цените во месец март, не би сакал тоа јавно да го кажам зошто одредени трговци би можеле да се подготват, но тоа не значи дека немаме доверба во нашите стопанственици, но пред да биде конечната одлука од владата не би сакал да објавам, но ќе биде една од цените која била во март“ – подвлече Крешник Бектеши – министер за економија.

jajca

Посочи дека нема да дозволи зголемената побарувачка да ги крене цените, посебно на јајцата за време на претстојните празници Велигден и Рамазан Бајрам.Цената на јајцата во Македонија е најниска во регионот, а свесни сме за зголемената побарувачката, информира министерот. Цените на јајцата и на оризот Министерот Бектеши вели дека ќе бидат пониски од оние што се денес на пазарот.