Skip to main content

Утре се одбележуваа Светскиот ден на слободата на печатот

Светски ден на слободата на медиумите 3 Мај, кој се одбележува утре е посветен на фундаменталните принципи за слобода на печатот и одбрана на медиумите од нападите врз нивната независност.

logo
лого
Светски ден на слободата на медиумите 3 Мај, кој се одбележува утре е посветен на фундаменталните принципи за слобода на печатот и одбрана на медиумите од нападите врз нивната независност.
Целта е да им се оддде признание и на новинарите кои ги загубија животите вршејќи ја својата професионална должност.

Востановен е во 1993 година од страна на Генералното собрание на ОН по препорака на генералната конференција нa УНЕСКО во 1991 година. На овој ден Светската организација за образование, наука и култура ги собира професионалците новинари од цел свет на конференција со цел да направи пресек на состојбата со новинарството на глобално ниво, да се проговори за кршење на правото на слобода на изразување, но и да потсети дека новинарите секојдневно ги жртвуваат своите животи или се соочуват со затворски казни во напорите да обезбедат информации.

логоВо чест на Гилермо Кано колумбски новинар кој беше убиен во 1986 година објавувајќи текстови против водачи на нарко мафијата во неговата земја, од 1997 година УНЕСКО ја востанови и светската награда за слобода на печатот.  Се доделува на заслужни личности, организации или институции за нивниот исклучителен придонес кон одбрана или промоција на слободата на печатот секаде во светот.
Здружението на новинарите на Македонија по повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на печатот, традиционално ќе се придружи на меѓународната акција  „Пет минути громогласна тишина!“, која годинава ќе ја спроведе под своето мото: „За достоинство на новинарите, за достоинствена професија“. Сите новинари се повикуваат да ја прекинат симболично својата работа во пет минути до 12 часот, без оглед каде се наоѓаат, во редакција или на терен, а на електронските медиуми да се исклучи програмата со ипишано мото на кајронот. Во печатените медиуми да се одвои простор во кој на црна позадина ќе се испише мотото на протестот и повикот за протест на 4 мај, а во соодветна форма тоа да го одбележат и новинските агенции и медиумите во електронска форма.
ЗНМ в понеделник организира и масовен протест на новинарите на плоштадот „Македонија“ против, како што стои, лошата состојба на македонското новинарство воопшто, за пресудите, за притисоците, за политичките влијанија и за платите.
 

{loadposition content9}