Skip to main content

Од утре вадење нов документ на еден шалтер

Од утре (01.04.) во сите градови во Македонија започнува едношалтерскиот систем за објава на изгубен личен документ и отпочнување постапка за вадење нов од едно место, само на шалтерите во управните служби на МВР.

dokumenti
документи

Од утре (01.04.) во сите градови во Македонија започнува едношалтерскиот систем за објава на изгубен личен документ и отпочнување постапка за вадење нов од едно место, само на шалтерите во управните служби на МВР.

biometriskiСо оваа поедноставена постапка, граѓаните ќе можат да извршат и уплата и објава за неважечки документ за лична карта, пасош, возачка дозвола и сообраќајна дозвола на шалтерите на МВР и веднаш да ја отпочнат постапката за вадење на нов документ.

Овој проект чиишто тест период се изведуваше деновиве, е заеднички на МВР и ЈП Службен весник на РМ, и со него се овозможува скратување на процедурата за пријавување, а граѓаните новите документи може да ги извадат во значително пократок период.
Досега, оваа постапка беше прилично комплицирана, особено за граѓаните од другите градови на Република Македонија, каде Службен весник немаше свои канцеларии и траеше повеќе денови. Со новиот протокол кој ќе започне да се применува од први април, на шалтерите на управните служби во МВР, граѓанинот ќе може за еден ден да изврши објава на неважечкиот документ и да ја отпочне постапкта за нов документ.

Во Македонија, според досегашната статистика, 30.000 граѓани во просек годишно ги губат своите лични документи од кои најмногу лични карти, потоа возачки дозволи, патни исправи и на крај сообраќајни дозволи.

{loadposition content9}