Skip to main content

Од утре започнува летно сметање на времето

Летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври во 3 часот

 |  инфодеск  | 
сат

На 27-ти Март (недела), во 2 часот наутро Република Македонија ќе премине на летно сметање на времето. Истото ќе заврши на 30-ти Октомври во 3 часот, кога повторно ќе се премине на зимското, реално време. Стрелките на часовникот во недела треба да се поместат еден час напред и наместо 02 да означуваат 03 часот.

Во Европа, во 1996 година договорено е преминувањето од зимско кон летно сметање на времето и тоа да се прави во последната недела (недела како ден) од месец март, точно во 1 часот наутро според Универзално време (UT). Тоа значи дека доколку кај нас (Средно европско време) се менува сметањето на времето во 2 часот по полноќ, во Велика Британија и Португалија тоа е во 1 по полноќ, а пак во Грција, Бугарија итн. во 3 по полноќ.

Во Соединетите Американски Држави тоа го прават во првата недела од месец април, и тоа во 2 часот по полноќ според локално време. Тоа значи дека таму сметањето не се менува одеднаш, туку во етапи, зависно од географската ширина.