Skip to main content

Утре започнува новата учебна година, мал дел од учебниците ќе доцнат

Шестоодделенците, сепак ќе почекаат за нови учебници. Имено, се чека одобрување од Националната комисија за учебници.
Јетон Шаќири

Учебната 2023/24 ќе започне навреме, на 1- ви септември, за прв пат и со пролетен распуст. Најголем дел од учебниците за основното образование се веќе испорачани до училиштата, но шестоодделенците, сепак ќе почекаат за нови учебници. Имено, се чека одобрување од националната комисија за учебници, а дотогаш, учениците ќе учат од помошни материјали, од бирото за развој на образованието, кои ги има на веб страната на Бирото, кажа на денешната прес конференција Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

„Најголем дел од учебниците за основното образование, одобрени во изминатата учебна година, како и дел од новите за трето одделение, изработени согласно наставните програми, се веќе испорачани до училиштата и апелирам до раководството на училиштата, уште на првиот училишен ден, да им ги доделат на учениците. Останатиот, помал дел, претежно учебниците за шесто одделение, ќе бидат доставени веднаш после одобрувањето од националната комисија за учебници, а во меѓувреме, на располагање ќе се дополнителни помошни материјали, кои ги изработи бирото за развој на образование“, – објасни Јетон Шаќири – Министер за образoвание и Наука.

За средно образование само за една година се одобрени 150 нови учебници, кои етапно ќе се доставуваат до училиштата, во тираж кој ќе се пријави од самите училишта, кажа министерот. Во меѓувреме овие учебници се доставени во електронска форма на веб порталот е-учебници.мон.

Втор аспект на кој се осврна министерот на денешната прес конференција е подобрувањето на инфраструктурата. Реконструктивни инфраструктурни зафати се извршени на 56 училишни објекти во земјава. Од утре учениците во неколку училишта, ќе имаат подобри услови за настава. Се подобрува пристапноста за учениците со попреченост, хигиенско санитарни услови во образовните установи, нивната енергетска ефикасност, за што се вложени 4.5 милиони евра, информираше Шаќири.

„Дополнително сакам да информиран дека во тек е изградба на четири нови објекти. Благодарен сум на ракводоството и на целата Влада, што дава приоритет на условите во образованието. И годинава, како и во изминатите две, имаме годишен буџет за капитални инвестиции од над 16 милиони евра, од што како Министерство, само лани реализиравме над 94%3, re;e- Јетон Шаќири – Министер за образoвание и Наука.

Јетон Шаќири

Набавен е мебел за опремување на кабинетите по природни науки за 264 основни училишта и опрема за основни и нагледни средства за кабинетите по природни науки за 358 училишта, кажа Министерот. Исто така Шаќири информира дека денеска и 46 наставници од основните училишта ќе добијат звање ментор, се со цел унапредување на наставниот процес. Досега звање ментор добиле 250 наставници.