Утрово најстудено во Берово -10 степени
Најстудено утрово беше во Берово со -10 и во Скопје и Битола со -8. Во Крива Паланка, Демир Капија, Струмица се измерени -7, во Тетово, Прилеп, Штип, Куманово -6, Гевгелија -5, во Охрид, Крушево, Дојран, и Попова Шапка -2, а во Маврово -1.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 36 сантиметри, во Маврово 13, а во Крушево 7.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен локален снег, а во пониските локален дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне од 4 до 12 степени.
(МИА)