Skip to main content

Дигитализација

Уверение за државјанство отсега ќе се добива и на е-мејл или на мобилен

Услугата е достапна на веб страната uslugi.gov.mk, лични документи , исправи и државјанство.
 |  инфодеск  | 
државјанство

Дигитална трансформација на услугите на граѓаните во издавање на уверение за државјанство. Отсега граѓаните овие уверенија ќе може да ги добијат на имејл адреса или на мобилен телефон. МВР донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на водење евиденција за државјаните на Република Северна Македонија и за обрасците што се применуваат односно издаваат, рече Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Барањето се поднесува лично за себе или за своето дете, услугата е достапна на веб страната uslugi.gov.mk, лични документи , исправи и државјанство. Барање може да поднесе лице кое има државјанство на РСМакедонија и е регистрирано на порталот за е-услуги преку системот за единствена најава.„-изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Досегашниот начин на издавање на уверенијата во хартиена форма останува, лично или со полномошно во управните служби на шалтерите во МВР, независно каде лицето има пријавено живеалиште. Спасовски нагласи дека МВР продолжува со дигиталната трансформација на процесите и услугите и во наредниот период, а со цел обезбедување брзи услуги кон граѓаните преку намалување на влијанието на човечкиот фактор.

„Денеска сме тука да ги објавиме дигиталните услуги во кои МИОА врз основа на Програмата и Националната Стратегијата за дигитална трансформација на државата, почнуваме да ги промовираме дигиталните услуги кои ги имаме развиени заедно со министерства и други институции кои нудат сервиси за граѓаните. Цениме дека преку дигитализација ќе ги подобриме услугите кон граѓаните, во реално време, со намалено влијание од страна на администрацијата, за која за жал до сега имаше одолговлекување во однос на добивање сервиси.“ – кажа Азир Алиу – Министер за информатичко општество.

Цената на чинење изнесува 150 денари (100 денари административна такса и 50 денари за образец) и истата може да се плати електронски во моментот на поднесување на барање за Уверението за државјанство во електронска форма.