Skip to main content

Вадењето на „Илинден“ се одложува

Доколку временските услови бидат поволни бродот „илинден“ ќе биде изваден од Охридското езеро во некој од наредните денови за да се изврши детална експертиза за причините за несреќата.

spasuvanje
спасување

Доколку временските услови бидат поволни бродот „илинден“ ќе биде изваден од Охридското езеро во некој од наредните денови за да се изврши детална експертиза за причините за несреќата.

akcijaОколностите и причините за потонување на туристичкиот брод „Илинден“ во саботата на Охридското Езеро ќе ги утврдува мешовитата Комисија, составена од експерти за внатрешна пловидба од Македонија, Бугарија и Хрватска.

Комисијата во неделата ја одржа првата средба, а експертскиот тим го посети местото на кое во саботата загинаа 15 патници од бродот, сите бугарски државјани.

Повторно денес, е одложено извлекувањето на остатоците од бродот за во некој од наредните денови, кога условите ќе бидат оптимални

Претходно, бугарскиот тим истражители, побара извлекувањето на бродот да биде извршено во рок од 24 часа за да се изврши детална експертиза за причините за несреќата.

Јавниот обвинител на Бугарија Борис Велчев изјави во неделата дека заеднички интерес на Бугарија и Македонија е да се утврди кој е виновен и тој да понесе соодветна одговорност за трагедијата во Охридското езеро.

„Нашата цел е објективната вистина“, изјави Велчев.

Тој не ја исклучи можноста од човечка грешка за трагедијата со потонатиот брод.


Напоредно со ова, се очекува денеска да биде завршна аутопсијата, по што согласно законската процедура, македонските власти ќе дозволат телата на загинатите да бидат пренесени во Бугарија.

Обдукцијата врз телата на настрадани почна во саботата вечер, а на македонските патолози им помагаат и бугарски доктори по судска медицина.


{loadposition content9}